Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ е во дводневна посета на Софија каде учествува на конференцијата „Балкански инженерски форум - Регионална соработка на Балканот", организирана од Европскиот совет на инженери.

- Шапуриќ на обраќањето на конференцијата ги нагласи напорите на Владата на РМ за забрзување на евроатланските интеграции и определбата за постојана соработка со стручните асоцијации меѓу кои и со македонската Комора на овластени архитекти и овластени инженери чиј претседател Миле Димитровски исто така, учествуваше на конференцијата, информира денеска Кабинетот на министерот.

Во тек на конференцијата министерот Шапуриќ остварил повеќе билатерални средби со претседателот и генералниот секретар на Европскиот Совет на инженери Арис Хадзидакис и Клаус Туриедл, со заменикот министер за регионален развој на Бугарија Валентин Јовев и со претседателите на инженерски комори на Турција, Бугарија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Конференцијата се одржува во рамки на активностите на претседавање на Бугарија со Европската Унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 11:28