Продолжување со спроведување на успешна и независна монтерна политика во насока на остварување на законски гарантираните цели на централната банка е предизвикот кој стои пред новоизбраниот гувернер на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска.
Во изјава за медиумте по преземање на функцијата од досегашниот гувернер Димитар Богов, таа се заблагодари на претседателот Ѓорге Иванов за неговата номинација, но и на сите политички партии кои го подржаа овој предлог.
- Ова, како што рече, за мене многу значи, но мислам дека треба да значи за целото општество, бидејќи тоа е поддршка на професионализмот.
Тоа, според неа, е клучна работа за просперитетот на нашето општество.
- Пред мене стои предизвикот за продолжување со спроведување на успешна и независна монетарна политика во насока на остварување на законски гарантираните цели на Центрлната банка, а тоа се ценовната стабилност, за која сметаме дека е најдобриот придонес што може да го даде во општеството и тоа преку стратрегијата на одржување стабилен девизен курс на денарот. Одржување на банкарската стабилност, стабилноста на банкарскиот систем, а преку тоа директно давајќи придонес за целокупната финансиска стабилност во нашата економија и дополнително поддржување на општите економски политики во нашата економија, изјави Ангеловска-Бежоска.
Таа се заблагодари и на досегашниот гувернер Димитар Богов, за кој рече дека Банката ја водеше многу успешно во многу критични моменти и период со кои се соочи нашата економија.
- Јас како негов близок соработник, дел од неговиот тим, учествував и имав задоволство да соработувам и во тие моменти кои беа критични и клучни, низ силниот институционален капацитет на Централната банка успеавме да спроведуваме независна, адекватна монетарна политика која резултираше во задржување на макроекономската стабилност, а со тоа даде и клучен придонес кон растот на нашата економија, рече новиот гувернер на НБРМ.
Таа потенцира дека сите успешни политики што се спроведуваа досега беа резултат на големиот институционален капацитет кој го поседува централната банка благодарение на долгогодишното вложување на раководстсвото на централната банка во развојот на човечките ресурси и додаде дека и натаму ќе се гради капацитетот на оваа институција.