СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Л. (27) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
Во текот на март 2018 година пријавениот му позајмил 60.000 денари на К.М. (66) од Битола. Во рок од еден месец тој требал да му врати 72.000 денари. На 20 април 2018 година во својот дом во Битола К.М. му го исплатил наведениот износ на пријавениот.