Лондон заслужено ја носи титулата најзелен град во Европа, оти 40 отсто од неговата површина е прекриена со зеленило, и се проценува дека има околу осум милиони дрвја.

Иако е еден од економски најразвијените градови во светот, со над 12 милиони жители во својата метрополитенска зона Лондон сепак изобилува со паркови и друго зеленило.

Хајд Парк е сигурно најпознатиот меѓу нив, како поради величината, така и поради разните занимливости коишто ги нуди. Меѓу другите туристички атракции и особености се и 4.000-те дрвја, езеро и разновиден животински свет.

Паркот Риџентс зафаќа површина од 1,6 километри квадратни, а е проектиран во 1811 година од познатиот архитект Џон Неш. Паркот е познат по впечатливите цветни градини и најголемото отворено спортско игралиште во Лондон.

Паркот Сент Џејмс е опкружен со три кралски палати, и се простира на 23 хектари. и на него се наоѓа познатото Езеро на Пеликаните.

Освен нив, тука се и Спрингфилд, Паркот на Викторија и многу други.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 15:29