АД Електрани на Македонија соопшти дека во текот на вчерашниот ден продал вишоци електрична енергија во количина од 24.480 мегават-часови за сума од 1.235.808 евра.

- Продадените вишоци се „базна” и „врвна” електрична енергија за јуни 2018 година. Продажбата е извршена по просечна цена од 50.48 евра по мегават-час. За споредба, на HUPX (унгарската берза на електрична енергија), цената за базна енергија изнесува 44,94 евра/мегавати, додека за врвна изнесува 54,27, соопшти АД ЕЛЕМ.

Нова продажба на вишоци електрична енергија произведени од АД ЕЛЕМ е закажана за 5 јуни, на која ќе бидат понудени 57.360 мегавати за јули, август и септември 2018.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 13:49