Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска во Велес, одговарајќи на новинарски прашање за патот од Велес за Прилеп, преку Бабуна, рече дека Владата сериозно размислува за тој проект.

- Меѓутоа, пред да ја донесеме конечната одлука овој проект мора целосно да се ревидира за да можеме да аплицираме за средства, бидејќи станува збор за исклучително скап проект, а тоа мора да се каже јавно. Ние ги разгледуваме сите програми што ЈП за Државни патишта ги прави и во програма ги внесуваме дополнително оние патишта што треба да ги прават, за што сметаме дека треба да бидат рехабилитирани и реконструирани или да се прават нови. Во делот на субвенционирањето на ова, претходно треба да се направат анализи се’ со цел да не даваме паушални анализи, дали тоа може или не може, појасни министерот Сугарески.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 15:14