Одбојкарска репрезентација на Македонија претрпе пораз од 3:0 на гостувањето кај Летонија во рамки на второто коло во групата А во Сребрената европска лига.

Македонските одбојкари немаа решение за поквалитетната игра на домаќините и загубија со убедлива разлика од 25:17, 25:16 и 25:19.

Ова беше прв пораз за македонската одбојкарска репрезентација сезонава во рамки на Сребрената европска лига, откако во првото коло на гости го совлада Косово со 1:3.

Македонија следната средба ја игра на домашен терен против Австрија, која по првите две кола има идентичен учинок како нас - пораз и победа.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2018 22:24