Неопходно е да се актуализира посланието на Кирил и Методиј и да се претстави на разбирлив начин, за да стигне до срцата на модерните луѓе. Тоа го изјави денеска патријархот на Москва и цела Русија, Кирил по литургија во храмот „Христос Спасителот", која ги отвори вратите за прославата на Денот на сесловенската писменост и култура.

Патријархот рече дека го насочува словото кон „луѓето обземени од лажните вредности на утилитаризмот и безбожната цивилизација".

Според него, универзална вредност за оваа цивилизација е „желбата за афирмација на политичката хегемонија на една земја или група земји над сите народи".

Патријархот Кирил излезе и на бината на Црвениот плоштад, каде што се одржуваше концерт на хор во чест на денешниот празник и ги поздрави присутните.

- Стана одлична традиција да се собираме на Црвениот плоштад на овој ден, за да размислиме малку за огромниот пат, драматичен и истовремено со тоа победоносен, кој го поминаа словенските народи, нашиот руски народ: од почетокот на писменоста до најновите знаења, рече тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2018 00:10