Лажен премиер на Ерменија си муабетел со шефот британската дипломатија Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, разговарал за меѓународни односи со лице кое лажно му се претставило како ерменски премиер.
Џонсон беше цел на измама и е изложен на јавен потсмев, пишуваат британски медиуми.
Тој зборувал 18 минути по телефон за односите со Русија, иранскиот нуклеарен договор, Сирија и многу други работи, не знаејќи дека тоа е руски комичар, кој потоа го објавил разговорот на интернет.
Британското Министерство за надворешни работи потврди дека се работи за „детска измама“.
Рускиот комичар тврдел дека е новиот ерменски премиер Никол Пашинјан и оти наскоро ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.
- Се надевам дека тој нема да ме отруе со „новичок“, му рекол на Џонсон, алудирајќи на труењето со нервен агенс на двојниот шпион Сергеј Скипал и неговата ќерка Јулија.
Џонсон рече дека „би дошол во Ерменија за да види какво искуство имаат тие со „новичок" и зборувал за санкциите против руските богаташи што живеат во Велика Британија.