Претседателот Доналд Трамп, по откажувањето на состанокот на 12-ти јуни со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави дека американските сили се подготвени ако Ким презеде „несовесни акции".

- Американските сили се на готовс, ако е неопходно, изјави Трамп во Белата куќа, додавајќи дека ќе продолжи кампањата со максимален притисок врз Северна Кореја.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин свика итен состанок со шефовите на тајните служби и министерот за обединување откако Трамп ја откажа средбата со Ким.

- Јужна Кореја се обидува да разбере кои се намерите на претседателот Трамп и што значат тие, рече портпаролот на претседателството.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2018 00:12