Аргентинскиот тенисер Николас Кикер е прогласен за виновен за местење натпревари.

Дваесет и петгодишниот Кикер се обидел да намести две средби на „Челинџ“ турнири во Италија и Колумбија во 2015 година.

Тој, исто така, е прогласен за виновен и затоа што не објаснил точно како го сторил делото и затао што не соработувал во истрагата.

Одлуката за неговата казна ќе биде донесена дополнително, но тој привремено е дисквалификуван.

Во моментов Кикер е на 84-ти на светската ранг листа, а неговата највисока позиција беше 78-мо место во јуни 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2018 13:05