Ред Бул може и да доминираа целосно во првите два слободни тренинзи во Монако, но Себастијан Фетел верува дека тие можат да бидат победени в недела.

Германецот ја заврши вчерапната втората сесија на тренигот за Големата награда на Монако во Формула 1 веднаш зад болидите на „биковите“.

- Ред Бул секогаш изгледаат силни на слободните тренинзи. Ќе видиме дали нивната презентација ќе биде како и обично. Мислам дека ние не треба да ги гледаме нив, тука да се фокусираме на себе и да си ја напишеме домашната, категоричен е Себ.

Фетел немаше поплаки до Ферари по првите две тренинг сесии.

- Ми беше доста удобно во автомобилот и јас сум задоволен од тоа како помина денот. Ова е доста позабавна патека од останатите. Трасата не дозволува да правиш грешки. Јас сум сигурен дека не го достигнав својот лимит и знам дека ќе бидеме уште побрзи, додаде четирикратниот шампион.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2018 13:26