Потпишувањето на Колективниот договор и зголемувањето на платите на вработените во Шумската полиција беа тема на разговор на денешната средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со претставници од Шумската полиција.
На средбата, инфомрираат од МЗШВ, беше договорено да се формира работна група за да се подготви Колективен договор што ќе придонесе за поголема ефикасност и зголемување на платите на вработените во Шумската полиција.
- Во Работната група ќе учествуваат претставници од Независниот синдикат на полицијата, Синдикатот на УПОЗ, како и претставници од МЗШВ. Документот кој што ќе произлезе ќе биде потпишан од двете страни, соопшти МЗШВ.
На денешниот состанок се расправало и за материјално техничките услови за работа на Шумската полиција.
- Во таа насока, веќе се спроведува процедура за обезбедување финансиски средства за купување на униформи за шумската полиција, а во фаза подготовка е и тендер од еден милион денари за внатрешно уредување на просториите на шумско-полициските станици. Воедно, МЗШВ обезбеди 60 персонални компјутери за шумско-полициските станици и набави сообраќајни елеци за вработените во Шумската полиција, потенцират од МЗШВ.