Владата ќе додели на единиците за локални самоуправи 223 милиони денари за проекти за развој на селата и за развој на плански региони.

Одлуката, како што соопшти владината прес служба, е донесена на денешната седница на Владата на Република Македонија, според која ќе им се доделат средства за финансирање проекти за развој на селата во износ од речиси 28 милиони денари, како и за финансирање проекти за развој на плански региони, во износ од околу 195 милиони денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2018 23:23