Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на „Ролан Гарос“, откако го совлада шпанскиот тенисер Жауме Мунар во три сета (7:6, 6:4 и 6:4).

Младиот шпански тенисер во првиот сет му предизвика сериозни проблеми на Ѓоковиќ, кој, сепак, успеа со тајбејк да поведе со 1:0.

Мунар беше достоен противник и во останатите сетови, меѓутоа српскиот тенисер ги доби и двата во своја корист.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2018 16:14