Прометот во трговијата на мало, во април годинава во споредба со истиот месец лани бележи зголемување во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 11 отсто, а реално за 7,5 отсто, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 14,5, а реално за 11,8 отсто) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 12,8 отсто, а реално за 10,3 отсто).

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во групата Трговија на мало со автомобилски горива прометот номинално е зголемен за 3,2, а реално е намален за 1,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 16:06