Бројот на работници во индустријата во април годинава е зголемен за 8,4 отсто во споредба со истиот месец од минатата година, а во првите четири месеци од 2018 година пораснал за 7,2 отсто во однос на истиот период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 1,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 9,4, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,1 отсто.

Според главните индустриски групи, пораст од 15,7 отсто има кај Интермедијарни производи, освен енергија, кај Капитални производи порастот изенусва 24,6, а кај Нетрајни производи за широка потрошувачка 2,1 отсто, опаѓање има кај Енергија за 0,6 осто, додека кај Трајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 16:12