Во првиот квартал годинава споредено со последниот квартал лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за еден процент, за материјали се зголемени за два процента, а трошоците за вработените се пониски за 1,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во однос на првото тримесечје од минатата година, во првите три месеци од годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,2 проценти, за материјали за 3,6 проценти, а трошците за вработените се зголемени за 10 проценти.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2018 16:13