Носителот на 16 „Гренд слем“ титули и светски број 1, Рафаел Надал загуби само четири гема на „Сузан Ланглен“, постигнувајќи ја 81-та победа на „Ролан Гарос“ - 6:2, 6:1, 6:1 за 125 минути против Аргентинецот Гвидо Пеја.
„Матадорот“ имаше потешкотии само во првиот сет, иако резултатот не го покажува тоа, а потоа сите напори на 78-иот тенисер во светот да му се спротивстави на Шпанецот, не резултираа со никаков успех.
Следниот противник на „Кралот на земја“ во третиот круг во Париз ќе му биде Ришар Гаске, кој нема победа во 15 натпревари против Надал и освоил само четири сета против него.
Од фаворитите во следното коло се пласираа и Хуан Мартин дел Потро, Кевин Андерсон, Доминик Тим, Миша Зверев, Фабио Фоњини, Марин Чилиќ итн.