Шпанскиот тенисер, Фернандо Вердаско, е уверен дека со добра игра има шанси да го совлада најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во четвртото коло на „Ролан Гарос“.

- Ѓоковиќ не е на она ниво на кое беше изминатите неколку години. Меѓутоа, во Рим играше подобро, а и на неколку натпревари подоцна. Ќе биде тешко против него. Ќе се обидам да бидам фокусиран и да го повторам нивото на игра што го покажав против Димитров. Во тој случај мислам дека имам шанси, истакна Вердаско.

Во претходното коло шпанскиот тенисер со максимален резултат го совлада четвртиот носител на турнирот Бугаринот Григор Димитров.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2018 19:02