Сопственикот на гевгелиската текстилна компанија „Ноел“ Томе Главчев е избран за бизнис личност на Југоисточна Европа за 2018 година.
Според одлуката на жирито кое го сочинувале универзитетски професори и стопанственици од регионот, признанието на Главчев му е доделено за долгогодишно успешно менаџирање и освојување на светските пазари.
- Оваа извозно ориентирана и модерно организирана фабрика од Гевгелија, со над 800 вработени, е најдобар пример за вештините во донесувањето стратешки одлуки, односно способност да се донесуваат и реализираат визионерски одлуки. „Ноел“ е исклучителен пример на македонско и регионално креирање на силен и динамичен економски развој, се наведува во образложението за доделувањето на признанието на Томе Главчев.
Покрај ова, на Главчев му се доделува и признание за општетвена одговорност која како успешен претприемач ја манифестираше во развојот на спортот, особено на кошарката, најпрво преку финансиската подршка на КК „Кожуф“, а сега и преку сопствениот кошаркарски клуб „Блокотехна“.
Признанието за бизнис личност на Југоисточна Европа за 2018 година Томе Главчев ќе го прими на 19 јуни во Белград.