„Македонски енергетски форум - 2018“ е насловот на Меѓународната енергетска конференција што денеска и утре ќе се одржува во Струга во организација на Владата на Република Македонија, АД ЕЛЕМ, Амбасадата на САД и институтот ЗИП.
Експерти од повеќе европски земји и САД ќе говорат на актуелни теми од областа на енергетиката, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев и амбасадорот на САД Џес Бејли.
Предвидени се пет панели на тема „Енергетиката во светот во следните 20 години“, „Обновливи извори на енергија, микро-мрежи и складирање на енергија“, „Енергетската стабилност и сигурност на Западен Балкан“, „Гасификација и разновидност во снабдувањето со природен гас“ и „Енергетска политика во Република Македонија – патоказ“.