Трошоците на живот во мај годинава во однос на претходниот месец бележат пораст од 1,0 проценти, а во однос на мај лани пораст од 1,7 проценти. Цените на мало во овој период бележат раст од 0,7 проценти во однос на април годинава и 3,1 отсто во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 13,1 отсто, цигарите за пет отсто, свежото и разладеното овошје за 2,3 отсто, замрзнатото овошје за 1,3 отсто, другите прехранбени производи за 0,7 отсто, месото за 0,6 отсто, алкохолните пијалаци за 0,5 отсто, сирењето и урдата за 0,4 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,3 отсто, рибата и морските плодови и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Во мај 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките пакет-аранжмани за 12,1 отсто, парамедицинските услуги за 7,2 отсто, течните горива за домаќинствата за седум отсто, услугите за сместување за 5,9 отсто, болничките услуги за 5,5 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4,6 отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 4,3 отсто, информатичката опрема за 2,9 отсто, гасот за домаќинствата за 2,4 отсто, обувките, телефон и телефакс-опремата за 1,1 отсто, теписите и другите покривки за под за 0,7 отсто, услугите за лична хигиена за 0,5 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,4 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1,1 отсто, јајцата за 0,9 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,6 отсто, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи за 0,4 отсто и млекото за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за пет отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3,1 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за 2,6 отсто, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 1,4 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1,3 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 0,9 отсто, накитот и часовниците за 0,6 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,3 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2018 13:24