Американскиот боксер Флојд Мејведер со заработка од 285 милиони долари годишно е најплатениот спортист на светот во 2018 година, според угледниот магазин „Форбс“.
Мејдведер по четврти пат во изминатите седум години е прв на оваа листа, благодарение на најскапата борба во историјата против Ирецот Конор Мекгрегор (275 милиони).
На второ место е фудбалерот на Барселона со 111 милиони долари, пред Кристијано Роналдо од Реал Мадрид (108) кој е третопласиран.
Во ТОП 10 уште се и: ММА борецот Мекгрегор (99 милиони), фудбалерот на ПСЖ Нејмар (90), кошаркарот на Кливленд Леброн Џејмс (85,5), швајцарскиот тенисер Роџер Федерер (77,2), кошаркарот на Голден Стејт, Стефан Кари (76,9), квотербекот на Атланта Мет Рајан (67,3) и рагбистот на Детроит, Мет Стефорд (59,5).