Претставници на Бугарско-Македонскиот бизнис клуб и негови фирми-членки се гости на втората Балканска конференција на малите и средни претпријатија (МСП) „Софија 2018“ што се одржува во Софија.
„Успех = Иновации + Пазари + Финансии + Дигитализација" е мотото на конференцијата, а ја организира Здружението за помош на малите и средни претпријатија - Обединети Бизнис Клубови (ОБК) со поддршка на Извршната агенција за промоција на мали и средни претпријатија (ИАНМСП) и Бугарска агенција за инвестици при Министерството за економија.
На настанот се и претставници на Бугарското претседателство на Советот на ЕУ, бугарските власти, Европскиот парламент, Европската комисија, амбасадори, како и претставници на локални и европски деловни организации и трговски комори.