Локацијата во општина Желино каде се гради фабрика за рециклажа на стари гуми денеска ја посетија премиерот Зоран Заев, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, замeник министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на општина Желино Блерим Сејдиу и советникот за животна средина и просторно планирање Драган Јованов.
Фабриката за рециклажа на гуми, како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе биде единствена од ваков вид на Балканот, а предвидено е во овој погон да се вработат околу 400 луѓе.
Бенефитот од рециклажата на гумите е производство на смеса која може се користи и за изградба на автопатишта, пешачки патеки, спортски игралишта и слично.
Објектот е со големина од 4500 метри квадратни, а е лоциран е во индустриската зона на општино Желино. Во склоп на оваа фабрика планирано е да се изградат уште две фабрики со различно производство.