Промоција на добитниците на големите грантови од Програмата за Подобрување на управувањето со заштитените подрачја финансирана од ЕУ ќе се одржи денеска во Инфо Центарот на Националниот Парк Пелистер во Битола.
На промоцијата ќе се обратат министер за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, Амбасадор на Европската унија Самуел Жбогар и Луиза Винтон, постојана претставничка на УНДП во земјава.
Преку Програмата, финансирана од ЕУ, ќе бидат доделени осум големи грантови за подобрување на управувањето со заштитените подрачја во висина од 200.000 до 400.000 евра.
Низ процес на подобрување на нивните капацитети се избрани следните големи грантисти: националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, природниот резерват Јасен, Општина Дојран (Дојранско Езеро), Општина Ресен (Преспанско Езеро и Езерани), Град Скопје (Матка, Водно, Сарај) и Општина Струга, Охрид и Дебрца (Охридско Езеро, река Сатеска). Настанот е во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“ чија цел е подигање на свеста и информирање на јавноста за поддршката на ЕУ за земјата и одбележувањето на 2018 за Европска година на култното наследство.