Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, е уверен дека Формула 1 никогаш нема да се смени и дека секогаш ќе биде натпреварување со предвидлив победник.

Двократниот шампион, кој викендов во Канада ќе ја вози 300-тата трка, потенцира дека Формула 1 му станала здодевна, бидејќи трките во последниве години имаат предвидлив исход.

- Последните неколку години се стана предвидливо. Во сезоната има 21 трка, а ние уште сега знаеме што ќе се случи во следните 14. Тоа е навистина тажно. На пример во фудбалот каде наскоро започнува Светското првенство сите знаат дека Германија, Бразил и Шпанија се фаворити, но никој не може да гарантира дека ќе победат. Од друга страна овде можеме да бидеме сигурни дека ќе победат Мерцедес или Ферари. Тоа веројатно никогаш нема да се смени, истакна Алонсо.

Иако Формула 1 планира да воведе нови правила со цел трките да станат поатрактивни, сепак возачот на Мекларен смета дека тие нема да доведат до суштински промени.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2018 02:47