Армијата на САД ќе купи од компанијата „ФЛИР“ нови лични, преносливи нанодронови, познати како „црн грабливец“, во вредност од 2,6 милиони долари.
Нанодроновите тежат само 32 грама, но имаат домен од два километра и максимална брзина од 21 километар на час, наведува „Дејли меил“.
“Црниот грабливец“ е најмалиот систем за набљудување и единствениот нанодрон кој е докажан на бојното поле, се наведува во соопштение на производителот.
Нанодроновите се опремени со термичка камера и имаат подобрени карактеристики за летање во затворен простор.