Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, денеска оствариле телефонски разговор, при што зборувале за „размена на затвореници“ меѓу двете земји, соопшти Кремљ.

- Путин ја истакна неопходноста без одложување да бидат ослободени руските новинари приведени во Украина, се наведува во соопштението на Кремљ.

Кабинетот на Порошенко соопшти дека украинскиот претседател разговарал со Путин за ослободување на украинските „политички затвореници“, приведени во Украина, меѓу кои е и режисерот Олег Сенцов.

- Порошенко нагласи колку е важно брзото ослободување на украинските „политички затвореници“, кои се приведени во Русија и на „окупираните територии“ (термин кој Киев го користи кога зборува за анексираниот Крим и источниот дел на Украина, кои се под контрола на сепаратистите), наведе кабинетот на украинскиот претседател.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2018 00:03