Русија не планира да се врати во групата Г-7, изјави денеска рускиот министер за надворени работи Сергеј Лавров.
Тој нагласи дека Русија „никогаш не сакала да се врати“ во групата, од каде беше исклучена во 2014 година, по анексирањето на Крим и избувнувањето на конфликтот со проруските сепаратисти во источна Украина.
- Русија е задоволна од работата на Г-20, истакна Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи објасни дека, во таа поголема група „ултиматумите не функционираат и имате потреба да постигнете договор“.
Како што јави МИА, синоќа американскиот претседател Доналд Трамп апелираше Русија да се врати во Г-7, но Канада, Велика Британија, Германија и Франција се спротивставија на тоа, додека Италија ја поддржа идејата на Трамп.