Претседателот на САД, Доналд Трамп во рамките на Самитот на групата Г-7 во Ла Малбе, посочи дека наскоро заминува за Сингапур на „мировна мисија“ на Самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Американските медиуми јавија дека, наводно Трамп нагласил дека Ким ќе има „само една прилика“ во форма на тој Самит во Сингапур.

Како што јави МИА, Трамп во Ла Малбе истакна дека сите разговори во маргините на Самитот на Г-7 биле „многу продуктивни“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2018 15:29