Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека излегувањето од групата Г-7 не било избор на Русија, нагласувајќи дека би сакала земјите-членки на групата „да ги види во Москва“.

Со тоа Путин одговори на новинарските прашања во врска со предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за повторно приклучување на Русија во Г-7.

Имено, германската канцеларка Ангела Меркел, во рамките на дводневниот Самит на Г-7 посочи дека претставниците на земјите од Европската унија се сложиле дека се уште не се исполнети условите за Русија да се врати во групата, од која е исфрлена во 2014 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2018 16:24