Папата Франциско денеска рече дека ќе се моли средбата на лидерите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг Ун успешно да ги постави темелите за мир.

Тој изрази надеж дека разговорите на Трамп и Ким, предвидени за вторник во Сингапур, „ќе придонесат за развој на позитивниот пат кој ќе обезбеди мирна иднина на Корејскиот полуостров и целиот свет“.

Папата, исто така, ги повика илјадниците верници на плоштадот „Свети Петар“ да се молат заедно со него и упати „посебна порака на пријателство и молитва“ за корејскиот народ.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2018 21:37