Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини денеска изјави дека Јордан ќе продолжи да добива финансиска помош од Унијата.

- Тоа е инвестиција во сојузник во областа на светот, каде што тензиите се најсилни, рече таа.

Посетата на Могерини на Јордан е само неколку дена откако премиерот Хани ал-Мулки се повлече од протестите против планот за штедење, што беше препорачано од страна на меѓународните кредитори и вклучува зголемување на даноците.

- ЕУ сака да го поддржи Јордан со сите можни средства, особено економски и финансиски, изјави Могерини на прес-конференцијата во Аман.

Таа најави дека Унијата ќе додели нов грант од 20 милиони евра на Јордан. Средствата се наменети за програми за социјална заштита за најранливите делови на населението.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2018 21:40