Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе изврши увид во реконструкцијата на регионалниот пат Кочани – Делчево.
За рехабилитацијата на патна делница Кочани - Македонска Каменица – Делчево во должина од 30 километри, предвидени се шест милиони евра.
Носител на проектот, што се реализира со средства од Светска банка, се Министерство за транспорт и врски и ЈП за државни патишта.
Планирано е реконструкцијата на овој патен правец да заврши овој месец.
За време на работната посета на општина Кочани, министерот Сугарески ќе има средба и со градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев.