Во Скопје денеска ќе се одржи конференција „Програма за економски реформи - клучен елемент за фундаментален пристап и економското управување во процесот на Европскиот семестар“.
На конференцијата најавено е обраќање на министерот за финансии Драган Тевдовски и евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Конференцијата е во организација на Министерството за финансии и ОЕЦД.