Водителката на емисијата „Фокс и пријатели" Еби Хантсмен направи лапсус најавувајќи го состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, како „средба на двајца диктатори".

Нејзиниот соговорник и поранешен советник за односи со јавноста на Трамп Ентони Скарамучи не го забележа лапсусот, па продолжи да говори за самитот, кој ќе се случи во Сингапур.

Кога ја увиде својата грешка, Хантсмен се извини на гледачите, но нејзиниот гаф, секако очекувано, ги заживеа социјалните мрежи.

Двајцата лидери се веќе во Сингапур, а состанокот е закажан за утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2018 11:20