Италијанската поморска полиција запленила 2,5 тони маирухана натоварена на моторен чамец што, наверојатно испловил од албанскиот брег, кај приморскиот град Валона.

Чамецот,кој се движел со голема брзина, бил забележан од авион на италијанската полиција,Гуардиа ди финанца, при контрола на морската шир,по што во акцијата се вклучиле и два полициски чамци.

Натоварениот чамец бил забележан на оддалеченост од 40 милји од пристанишниот град Бриндизи во италијанските територијални води. Италианските партнери веднаш ја известиле албанската поморска гранична полиција во Драч и Валона,која со неколку чамци била ставена во готовност во случај шверцерите да навлезат во албанските триторијални води.

Не гледајќи излез шверцерите товарот го фрлиле во меѓународните води во близина на црногорските,каде што и вловиле. Црногорската полиција го лоцирала чамецот но го изгубила по еден час следење.

Италијанскаата поморска патрола потоа ги собрала пакетите со марихуна кои плутале по водите на Јадранот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2018 11:46