„Rumor shop“ - Охрид ќе ја отвори својата блиц „Rumor PopUp“ изложба во вторник, на 12 јуни во 17.00 часот на ул. Наум Наумовски Борче.
Овој сезонски „PopUp“ е само мал, но омилен дел од тоа што се подготвува од колекциите на „Rumor“ и ќе биде отворен за посетители од 12 до 22 јуни од 12.00 до 20.00 часот.
На оваа изложба ќе бидат вклучени и најпопуларните парчиња од колекциите како Rumor Collection, Monographie, Risto, SEV, Sibling, и други.
Целта е да се откријат најновите модни насоки прилагодени за македонскиот пазар за Пролет/Лето 2018 година.
Оваа сезона ќе биде претставена и новата колекција на обувки „Rumor“, со посебен акцент на практичноста кај секој од моделите.
Веќе од септември, „Rumor“ ќе биде надополнет и надграден.