Американскиот синџир ресторани ИХОП - Меѓународна куќа на палачинките, го промени името во ИХОБ - Меѓународна куќа на бургерите.

Една од најпрепознатливите компании во САД со денови ги предизвикуваше своите муштерии и медиумите, откако најави дека ќе го смени името ИХОП во ИХОБ, но не кажа што означува буквата „Б“. Конечно денеска беше најавена веста дека синџирот познат по палачинките во иднина многу повеќе ќе ги промовира своите хамбургери, претставувајќи седум нови видови хамбургери.

Веќе етаблираните синџири хамбургери како Бургер Кинг, Вајт Кесл и Вендиз реагираа на овој потег на нивниот нов конкурент, менувајќи ги своите имиња на социјалните мрежи во, на пример, „Палачинка Кинг“. Сепак, се очекува промената на името да биде привремена, и по промотивниот период во кој ИХОБ ќе ги претстави хамбургерите, да се врати името ИХОП.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2018 12:57