Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната историска средба во Сингапур со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на својот соговорник му презентирал видео за потенијалната благосостојба и мирен развој на Северна Кореја, доколку земјата се согласи на откажување од нуклеарните амбиции.

Во видеото, кое потсетува на трејлер за филм, се говори за „двајца мажи, двајца лидери и една судбина“ и во него се прикажани фотографии на воени авиони и топови, додека нараторот на англиски и на корејски јазик наведува дека „новиот свет може денес да започне едно пријателство, почитување и добра волја“.

Ким во филмот е прикажан како централна фигура, која живее во клучен момент од историјата и може да стане „херој на својот народ“. - Дали ќе ја пружи раката кон мирот и ќе ужива во просперитет каков што никогаш не видел и во блескав живот или во вечна изолација, прашува нараторот во филмот.

- Тоа ние го измисливме. Му го покажав за време на состанокот кога се наближуваше неговиот крај и мислам дека му се допадна, изјави Трамп, кој попладнево од Синагпур отпатув за САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2018 16:01