Европската Комисија денеска предложи значително зголемување на буџетот на ЕУ за миграцијата и за управување со границите за следниот финансиски период.
Како што јави дописничката на МИА, Европската комисија за следниот буџет на ЕУ предвидува 34,9 милијарди евра за справување со миграциските предизвици во ЕУ.
Во претходниот буџетски период, таа сума беше 13 милијарди евра.
- Подобро управување со нашите надворешни граници и миграцијата ќе останат клучни приоритети за ЕУ, земјите членки и нашите граѓани во наредните години. Поголеми предизвици бараат поголеми ресурси, затоа предлагаме речиси трипати поголем буџет во оваа област, изјави еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос.