Албанскиот премиер Еди Рама и албанскиот министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, го поздравија постигнатиот договорот помеѓу Македонија и Грција за спорот за името.
- Два прогресивни лидери на соседните земји денеска влегоа во историјата и им порачаа на Европската унија и на целиот свет дека имаат визија и волја да ги надминат минатите пречки и да најдат простор за поглед кон иднината. Изразување на почит за Зоран Заев и Алексис Ципрас. Балканот денес е побезбедно место, пишува Рама на Твитер.
Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати позитивно го цени овој договор нареркувајќи го „историски договор“.
- Ова го отвора патот не само на една земја, туку и на целиот регион кон евроатлантското семејство. И покрај тешкотиите, дипломатијата покажа дека функционира, пишува Бушати.