Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски учествуваше на неформален состанок на директорите на царинските управи од Западен Балкан што денеска и вчера се одржа во Албанија.
Царинската управа денеска соопшти дека на состанокот се разговарало за подготовката за заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан.
На состанокот присуствувале претставници од царинските управи на Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и меѓународни институции и организации.
Состанокот е продолжение на првиот неформален регионален состанок што на 30 ноември и 1 декември лани се одржа во Македонија.