Водечките меѓунардони организации денеска изразија поддршка на Договорот за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, што го потпишаа американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на нивната денешна средба во Сингапур.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја повика меѓународната заедница да пружи поддршка за спроведување на Договорот за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

- Спроведувањето на денешниот и претходно постигнатите договори во согласност со соодветните резолуции на Советот за безбедност, бара трпеливост и поддршка од глобалната заедница, се наведува во посмената изјава на Гутереш.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата ја поздравува „историската средба“ меѓу Трамп и Ким и изразува „силна поддршка“ на напорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

- Корејскиот Полуостров ослободен од нуклеарно оружје ќе придонесе за безбедноста на сојузниците на НАТО и на нашите партнери во регионот, како и на целата глобална заедници, нагласи Столтенберг.

Високата претставничка за надворешни политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини оцени дека средбата меѓу Трамп и Ким била „клучен и неопходен чекор" кон мирот на Корејскиот Полуостров, каде што целта е целосна денуклеаризација.

- Крајната цел, останува целосна, и неповратна денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Заедничката изјава потпишана од лидерите на САД и на Северна Кореја дава јасен сигнал дека таа цел може да се постигне, наведе Могерини.

Според неа, ЕУ и натаму е подготвена да ги олесни и поддржи следните преговори и други чекори насочени кон градење доверба и обезбедување долготраен мир, безбедност и просперитет на Корејскиот полуостров без нуклеарно оружје.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го поздрави договорот Ким и Трамп за денуклеарузација на Корејскиот Полуостров и најави дека е подготвена да ги преземе сите „активности за верификација“ во Северна Кореја.

- Го поздравувам денешното заедничко соопштение на претседателот на САД Трамп и лидерот на Демократската Народна Република Кореја, Ким на самитот во Сингапур, на кој ДНРК ја нагласи својата посветеност за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, изјави генералниот директор на МААЕ Јукија Амано, додавајќи дека Агенцијата внимателно ќе ги следи преговорите меѓу двете држави.

Трамп и Ким одржаа „историски состанок“ во Сингапур, по што потпишаа заедничко соопштение со кое Северна Кореја се обврза дека ќе ја изврши денуклеаризација на Корејскиот Полуостров во замена за ветување од САД дека ќе и пружи безбедносни гаранции.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 01:28