Маж, кој тврди дека е вооружен, држи како заложници две лица во една канцеларија во центарот на Париз, соопшти попледнево француската полиција, нагласувајќи дека засега нема индиции оти станува збро за терористички чин.

Полицијата го блокирало реонот околу местото на зсложничката криза и прави напори за ослободување на заложниците.

Електронското издание не весникот „Паризиен“ тврди дека киднаперот бил вооружен со бомба и пиштол и дека како заложнци држи три лица, меѓу кои и една трудница.

Според весникот, тој порачал дека „во околината не сака да види ниту едно полицско возило“ и дека бара да стапи во контакт со Амбасадата на Иран „за да и упати текст на француската Влада“.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 01:28