Претседателите на Турција и Азербејџан, Реџеп Тајип Ердоган и Илхам Алиев денеска на свечена церемонија во турскиот град Ескишехир го пуштија во употреба „Трансанадолскиот гасовод“ (ТАНАП).

Покрај, Ердоган и Алиев, на церемонијата присуствуваа и шефови на држави или влади од повеќе земји, кои би требало да се снабдуваат со природен гас преку ТАНАП, меѓу кои и претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Петро Порошенко.

ТАНАП е дел од проектот „Јужен гасен коридор“, преку кој се предвидува дистрибуција на природен гас од азербејџанското гасно поле „Шах Дениз“ крај Каспиското Море, преку Грузија, Турција Балканот, до Италија.

Вкупната должина на ТАНАП е 1.850 километри, а неговата изградба чинеше 10 милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 01:28