Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот австриски колега Себастијан Курц вечера во Берлин истакнаа дека ЕУ мора да биде силна и единствена, за да може да се докаже на глобално поле.
На заедничката прес-конференција Меркел истакна дека приориет на ЕУ е да дејствува единствено, додавајќи дека нејзиниот став во врска со тоа е уште поцврст по Самитот на Г7.
- Согласни сме дека Европа се наоѓа во многу тешка ситуација на глобално поле. ЕУ мора да биде поединствена и посилна и тоа е нешто што е наш заеднички став, порача таа.
Меркел рече дека постои и согласност околу прашањето за миграцијата, дека е потребно заедничко решение, затоа што тоа прашање има потенцијал да нанесе голема штета на ЕУ.
Таа укажа дека претседавањето на Австрија со ЕУ, од 1 јули, се паѓа во тешко време кога се финализира излезот на Велика Британија од членството и кога би требало да се постигне договор за идната финансиска рамка.
Австрискиот канцелар Курц рече дека претседавањето на неговата земја со ЕУ предвидува тешки задачи, ако се земе предвид геополитичката ситуација, односно преговорите за Бреггзит.
- Нашето претседавање воедно е и последно претседавање во целина пред изборите за Европскиот парламент и поради тоа има многу теми за кои мораме да одлучиме уште пред гласањето, објасни тој.
Курц рече дека Австрија има теми кои не ги можела да ги бира за време на претседавањето, а тоа се Брегзит и финансиската рамка, но дека како претседавач има можност да внесе и национални тежишта.
Според него, фокусот на претседавањето со ЕУ ќе биде безбедноста, па тоа ќе се води под мотото „Европа која штити“.
- Дојдов во Германија од Израел и секогаш кога одам таму се радувам што живееме во мирен и безбеден регион, а за да имаме мир и безбедност потребно е да се најде решение за илегалната миграција, затоа што без тоа нема внатрешна безбедност, порача Курц.
Тој најави дека ова прашање ќе биде во фокусот на Самитот на шефовите на држави или влади на ЕУ на 20 септември, додавајќи дека Австрија сака јазнење на Фронтекс, со човечки ресурси и со јасен мандат.
Според него, неопходно е да се намали притисокот на миграцијата на надворешните граници, и истакна дека не може секој кој е прогонуван во светот да најде подобар живот во Европа.