Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Колон на Твитер објави дека киднаперот во Париз е уапсен, а заложниците се ослободени.

Колон ова го објави околу четири часа откако заложниците беа блокирани во една зграда во центарот на Париз.

Нема информациja кои биле мотивите на киднаперот, ниту пак има податоци дека се работи за тероризам.

Зградата на улицата „Птит Екјори“ била опколена од тешко вооружени полициски командоси, пожарникари и спасувачи. Реонот бил евакуиран, а улицата блокирана, по што почнале преговори. Киднаперот побарал да зборува со амбасадорот на Иран.

Според првичните неофицијални информации, околу 16 часот по локално време, маж зел како заложници три лица во канцеларија на приземје, и по кусо време еден од заложниците бил ослободен, но бил полеан со бензин и удрен во лицето.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 01:53